После долгиот и тежок развод од Бен Афлек, Џенифер Гарнер има ново момче

292

46-годишната актерка, Џенифер Гарнер, на почетокот на месецот конечно се разведе од актерот Бен Афлек, со кој беше во брак од 2005-та година, иако се разделија уште пред три години.

Разводот бил одложен поради рехабилитација на Бен, а Џенифер, поради нивните три деца му била поддршка во овој тежок период.

Но, кога Бен се вратил од последното лечење, на кое таа ова лето го однела, нивниот развод конечно е завршен и актерката продолжила понатаму со својот живот, а веќе пронашла и ново момче.

Имено, како што пренесува „Us Weekly“, актерката е во врска со шест години помладиот Џон Милер и тоа веќе шест месеци. Врската се обиделе да ја сокријат од јавноста, бидејќи тој сè уште е во брак со виолончелистката Каролина Кембел, со која има и две деца. Сепак, и тие живеат одвоено од октомври 2014-та година и чекаат судот да ги одобри документите за развод.