Поради закана за бомба синоќа за повеќе од еден час беа евакуирани канцелариите на американската телевизија Си-ен-ен во Њујорк.
Заканата била упатена по телефон. Маж околу 22 часот по локално време се јавил во телевизијата и рекол дека во зградата на компанијата Тајм Ворнер на Колумбос Сиркл, каде што се наоѓа и редакцијата на Си-ен-ен, се поставени пет бомби.
Обезбедувањето на компанијата веднаш ги евакуирало сите од зградата и извршило проверка. За тоа време било во прекин емитувањето на програмата.
Специјални полициски единици по детална претрага не пронашле никакви експлозивни направи.Истите канцеларии на Си-ен-ен беа евакуирани и во октомври, откако до медиумот беше доставен сомнителен пакет кој содржеше рачно направена експлозивна направа.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)






















