Официјалните причини што го завршија животот во штипската Клиничка болница на 28 годишната Маја Паневска од Свети Николе, веднаш по породувањето се уште непознати.
По половина месец од трагичниот случај се чека на извештајот од судска медицина. Нема информации ниту од Комисијата, формирана да го испита случајот од страна на Министерот за здравство.
Од Министерството за здравство велат дека извештајот на нивната Комисија е во фаза на изработка, наскоро ќе биде готов и ќе биде споделен со јавноста.
Маја Паневска почина на 14 јуни во штипската Клиничка болница неколку часови по породувањето. Неофицијално причина за смрттта е искрварување, била извршена и операција, но сите молчат околу преземените постапки.
И случајот со новороденчото кое почина веднаш по породувањето, неколку денови пред Паневска, чека завршница. Официјалниот извештај и за овој случај од штипска патологија се уште не е готов.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











