Скандал го тресе Азербејџан – политичарот Хусејнабала Мирелемовун е фатен во кадар за време на видео-состанок, како опуштено се врти кон асистентката во кабинетот, ја гледа во задникот, а потоа почнува да ја допира.
Снимката која го згрозила Азербејџан е уште полоша поради фактот што девојката е пријателка на неговата сопруга и токму таа ја вработила.
На снимката се гледа како жената по инцидентот му се смешка на Хусејнбала, а потоа се врти кон лап-топот, заклучувајќи дека се се видело, па со грч на лицето се поместува од кадарот.
Гледајќи што се случило и колкава е моќта на социјалните мрежи денес, Хусејнбала прво изјавил дека снимката е чиста лага односно монтажа, а потоа се премислил па во текот на денот порачал дека само се шегувал, како и дека не е луд да ја изневерува сопругата со нејзината пријателка, посебно не пред камери.
Хусејнбала кон владејачката партија Нов Азербејџан се приклучил во далечната 1992-та година, а од 2008-ма година ја врши должноста претседател на партијата за округот Катаи.
Во повеќе наврати бил избран во Националното собрание, а на последниот конгрес е вброен во Советот на ветерани. Со самото тоа, одамна му е познат на народот, но не и како сексуален предатор.
Владејачката партија најавила дека на следниот состанок ќе се зборува за овој скандал и најверојатно ќе го смени човекот од сите позиции во партијата.






![[ВИДЕО] Жена изгоре во пожар во скопската населба Пинтија](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/pozar-218x150.jpg)








![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-218x150.jpg)



![[ВИДЕО] Објавена снимка од авионот на Кроација ерлајнс што излета од пистата во Сплит](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/05/fuzsm-split-avion-218x150.webp)














![[ВИДЕО] Зеленски му пиша на Путин, предлага крај на војната, пристигна првата реакција од Кремљ](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/904z509_Volodimir-Zelenski-0206-100x70.jpg)



