Владата на денешната седница, по препорака на Комисијата за заразни болести, донесе одлука да биде продолжена актуелната мерка за забрана и посебен режим на движење на граѓаните на целата територија на државата во временскиот период од 22:00 часот до 05:00 часот, почнувајќи од денеска, односно од 23 март до 6 април.
Одлуката на Владата за воведување полициски час од 22 часот вечерта до 5 часот наутро, беше донесена на 10 март, а истекуваше денеска.
Целта на неговото воведување, беше да се ограничи движењето и контактите на младите коишто интензивно комуницираат во паркови, јавни површини, па и по домови после затворањето на угостителските објекти зашто беше констатирано дека тие се едни од главните преносители на болеста.
Властите воедно апелираат до граѓаните да ги почитуваат здравствените мерки и протоколи за заштита од болеста.
Како што најави министерот Венко Филипче вчера, ситуацијата и бројките се следат, па доколку е потребно, односно доколку не овие сегашни мерки не вродат со плод и не се намали бројот на заболени, ќе бидат донесени и нови. Според него следниот чекор е продолжување на полицискиот час и скратување на работното време на кафеаните.









![[ВИДЕО] Јутјуберот Поповиќ затекна малолетници како кршат детско игралиште во скопски Аеродром: „Дај ми број од твоите, јави им се одма и ќе дојде полиција“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/HqXxB-screenshot-7-218x150.png)








![[ВИДЕО] Сцена од грчка плажа – бугарски туристи и скара на песок](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/07/uBJ7W-screenshot-15-218x150.png)






![[ВИДЕО] Актерот проговори за +18 сцените со Софи Тарнер: „Беше одвратно и малку чудно..“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/06/7MZ8HWdPCG-video-akterot-progovori-za-18-scenite-so-sofi-tarner-bese-odvratno-i-malku-cudno-218x150.jpeg)











