ФБИ сака да го испраша средниот син на британската кралица: Милијардерот педофил му праќал девојчиња на принцот Ендру

70

Неодамнешното апсење на милијардерот Џефри Епстин на аеродромот во Њујорк поради трговија со малолетнички за пружање на сексуални услуги го вклучило алармот и од другата страна на Атлантскиот океан – во Бакингемската палата.

Имено, еден од добрите пријатели на Епстин е принцот Ендру, војвода од Јорк и среден син на британската кралица Елизабета Втора.

Според пишувањето на списанието “Globe”, американскиот ФБИ сака да го испраша принцот во врска со случајот кој ја потресол јавноста имајќи во предвид дека милијардерот се дружел со многубројни познати личности – Бил Клинтон, Доналд Трамп, Вуди Ален и други.

Британското списание, повикувајќи се анонимни извори, пренесува дека во Бакингемската палата има вонредна состојба.

“Кралицата Елизабета е надвор од себе од бес. Таа се плаши дека овој настан може жестоко да и наштети на монархијата. Поради тоа размислува и својот втор син да го исфрли од кралското семејство и да му ги ускрати правата и да го лиши од обврските”, рекол изворот близок на палатата.

Џефри Епстин, кој во 2007-ма веќе бил осудуван за слични прекршоци, бил задржан во притвор и сега му се заканува 45 години робија. ФБИ верува дека Епстин најмалку една од своите жртви пратил кај војводата од Јорк за секс, и тоа неколку пати. Тоа се случило во 2001-ва година и станува збор Вирџинија Робертс Џуфри, која тогаш имала само 15 години.

Вирџинија Робертс Џуфри од Епстин барала оштета во цивилна парница во 2015-та година, но тој случај бил затворен. Сега е повторно отворен.

Министерството за правда на САД отворило внатрешна истрага за да се утврди дали случајот со Џефри Епстин од 2007-ма, кога бил осуден на само 13 месеци затвор, имало пропусти.

Германски “Bild” стапил во контакт со адвокатот Дејвид Бојс, кој ја застапува Вирџинија Робертс Џуфри и кој се сомнева дека правдата ќе биде задоволена.

“Иако ФБИ сака да го испраша принцот Ендру, тој нема да одговори, а тие нема едноставно да одат во палатата и да го приведат. Листата на жртви на Џефри Епстин не е заклучена и меѓу нив сигурно има уште некои што биле принудувани на секс со принцот Ендру”.

Врска со Трамп

Епстин прв пат ја видел Вирџинија во одморалиштето Мар А Лаго, чиј сопственик е Доналд Трамп, а каде работела како дел од персоналот.

Таа во сведочењето изјавила дека со принцот Ендру, под притисок на Епстин, спиела во Лондон, Њујорк и на имотот на милијардерот на Карибите. Бакингемската палата одлучно демантирала дека принцот имал секс со малолетничката.

Оставка во Белата куќа

Александер Акоста, министер за работа во САД, поднел оставка кога Епстин бил уапсен.

Акоста бил федерален обвинител кога Епстин во 2007-ма бил осуден на 13 месеци затвор. Интересно е дека тој по излегувањето од затвор во куќата во Њујорк направил раскошна забава која траела три дена, а чиј гостин бил и принцот Ендру.

По таа забава, принцот го изгубил статусот специјален пратеник за економски прашања.

loading...