Неколку полицајци од Њујорк и полицајци од округот Флинт во Мичиген, клекнале на улица со демонстрантите кои протестираат поради смртта на афроамериканецот Џорџ Флојд. Полицијата со тоа сакала да искаже солидарност и покажала дека не поддржуваат насилство.
Неколку њујоршки полицајци клекнале заедно со мирните демонстранти на тротар и им оддале почит на починатите, пренесува „CNN“.
На снимката објавена на социјалните мрежи може да се слушнат скандирања на демонстрантите – „Благодарам“, упатени до полицијата.
Демонстрантите потоа ги опкружиле полицајците и клекнале заедно со нив. Еден од демонстрантите потоа на глас ги изговорил имињата и на други починати афроамериканци.
Пред демонстрантите клекнал и шерифот на округот Флинт во Мичиген, кој пред нив излегол без оклоп и оружје и им порачал: „Јас и моите луѓе ве сакаме.“














![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















