Поговорки на еден од најмудрите народи: Сите се жалат поради недостиг на пари, но никој поради недостиг на мозок!

554

Велат дека Евреите се еден од најмудрите народи на светот. Ви пренесуваме 27 еврејски поговорки, па вие проценете и сами…

1. Адам – првиот среќник на овој свет, бидејќи немал тешта.

2. Ако проблемот може да се реши со пари, тогаш тоа не е проблем, туку трошок.

3. Плашете се од јарец однапред, од коњ одзади, а од будала – од сите страни.

4. Човек мора да живее, барем од љубопитност.

5. Родителите ги учат децата да зборуваат, а децата ги учат родителите да молчат.

6. Можеби јајцата се многу попаметни од кокошките, но брзо се расипуваат.

7. Мажите би завршиле поголема работа само за жените да молчат.

8. Потешко е добро да се молчи отколку добро да се говори.

9. Лошата жена е полоша од дожд: дождот не’ брка дома, а лошата жена не’ брка од домот.

10. Боже, помогне ми да се кренам на нозе, да паднам можам и сам.

11. Ако животот не се менува на подобро, почекај, ќе се промени на полошо.

12. Колку и да е слатка љубовта, не можете да направите џем од неа.

13. Помеѓу две зла, песимистот ќе ги одберете и двете.

14. Сите се жалат поради недостиг на пар, а никој не се жали поради недостиг на мозок.