Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер претежно од источен правец, соопшти УХМР.
Попладне во северозападните планински предели ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ-индексот ќе биде 8. Утринската температура ќе се движи од 10 до 19 степени, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 29 до 37 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурите ќе се движат од 16 до 34 степени.
Во следните денови ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните часови ќе има ретка појава на пороен дожд и грмежи, а в сабота услови за нестабилност ќе има на повеќе места. Позначителна промена на времето се очекува од недела кон крајот на денот и в понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен ветер.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















