Погледнете го првиот настап на Џим Кери на ТВ: Имитацијата на Елвис Присли и Клинт Иствуд ја насмеала публиката до солзи

115

Снимката од 1983-та година од славниот холивудски актер му покажала на светот дека тој е мајстор на имитација.

Веќе децении наназад Џим Кери (57) важи за еден од најпознатите светски комичари. Смислата за хумор овој популарен актер со потекло од Канада ја покажал уште од младоста, а тоа го докажува и ова видео кое деновиве е многу популарно на интернет.

Станува збор за првиот настап на Џим Кери на американската телевизија кој се случил на 24-ти ноември 1983-та година во емисијата на водителот Џони Карсон.

Штом излегол на сцена Џим веднаш “се фрлил“ на работа и почнал да ја засмејува публиката до солзи со својата имитација.

Прво го имитирал популарниот пејач Елвис Присли, потоа актерската ѕвезда Клинт Иствуд, Чарлс Бронсон, а на самиот крај Кермит и Мис Пиги од куклената-хумористична емисија „Мапед Шоу“.

Како изгледало сето тоа може да погледнете на следното видео:

loading...