Светското ракометно првенство во Германија и Данска дојде до половина од групната фаза по комплетирање на 3. коло.
Македонија има две победи (Јапонија и Бахреин) и пораз од Хрватска. И во индивидуална статистика нашите репрезентативци се меѓу најдобрите. Единствено Македонија има двајца ракометари во ТОП 10 стрелци.
Кире Лазаров е на делба на третото место со Магнус Јондал со по 20 погодоци со тоа што Норвежанецот има 20/22, додека Македонецот 20/30.

На делба на 9. место со по 17 гола е и Дејан Манасков. Нашето лево крило оваа позиција ја дели со Микел Хансен и Али Јусеф. Токму Манасков и Бразилецот Толедо се единствени играчи во ТОП 10 кои не изведуваат пенали.



![[ВИДЕО] „За влакно“ избегната огромна трагедија: Параглајдер „слета“ на полно шеталиште во Охрид](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/9sTzC-screenshot-21-218x150.png)











![[ВИДЕО/ФОТО] Нови спектакуларни снимки од Месечината и Млечниот Пат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/04/Qmeo5-screenshot-4-218x150.png)

















