Кански фестивал, најпрестижниот и најпопуларниот фестивал во светот на кинематографијата, почна вчера, на 6-ти јули и ќе трае до 17-ти јули.
Во наредните 10 дена ќе имаме прилика да го видиме дефилирањето на некои од најдобро облечените жени на планетата.
Канскиот фестивал е познат како манифестација каде жените се појавуваат во изданија кои се внимателно избрани, изразито отмени, елегантни и одмерени и каде акцентот е на гламур, а не на сексапил.
На свечената церемонија на отворањето прикажан е филмот „Annette“, а многу диви и убавици се прошетале на црвениот тепих во раскошни и елегантни креации.
Актерката Кет Грејен се прошетала во долга зелена тоалета со бели детали.




Манекенката Кендис Свонпул била една од ретките кои се осудиле да носат прилично отворен и предизвикувачки комбинезон.

Што мислите, која дама е најдобро стилизирана?