По скопското лудило: Скубе доби свечен дочек и во својот роден град (ФОТО)

2275

Сташ Скубе беше еден од најдобрите ракометари на Вардар сезонава и секако еден од најзаслужните што тимот ја освои Лигата на шампионите.

Словенецот вчера се врати во својот роден град Требње, па и таму доби свечен дочек. Нормално немаше 100.000 луѓе како на плоштадот во Скопје, но и сограѓаните сакаа да му покажат дека се гордеат на европската титула на Вардар.