По неговата девојка, на ред и неговата мајка: Го прекинала Светскиот куп во крикет за да ја изрекламира порно страницата на нејзиниот син

116

Откако неговата девојка Кинси Волански го прекина финалето во Лигата на шампионите, истрчувајќи на теренот во провокативно боди, а потоа истото се обидела да го направи и на Копа Америка, еден од најпознатите Јутјубери, Виталиј Здоровецки, сега за промоција на својата порно страница наводно ја вклучил и неговата мајка Елена.

Како што пишува “Sport Bible”, жената која го прекинала Светскиот куп во крикет е всушност мајка на злогласниот Јутјубер. Но, Елена не била успешна како Кинсли иако носела слична облека.

“Мојата мајка се обидела да го прекине Светскиот куп во крикет. Мојата мајка е луда”, напишал Виталиј на Твитер.

“Најпалавата” мајка некогаш”, напишала Кинсли за својата свекрва.

Се проценува дека упадите на неговата девојка и мајка на терените на најпознатите спортски настани и медиските написи за тоа, на Виталиј му донела реклама вредна неверојатни 3,97 милиони долари.

View this post on Instagram

Did I distract #8 a little too much?

A post shared by Kinsey Wolanski (@kinsey_sue) on

Волански која по упадот на финалето беше уапсена и казнета со 15 илјади евра, на Инстаграм опишала што се случувало на финалето на Копа Америка во Бразил пред една недела.

“Признавам, Копа Америка, дефинитивно победи, но тоа беше одлична авантура. Одлетавме за Бразил, се маскиравме, седнавме на местата, а сè заврши со ќотек на Виталиј од страна на 20 членови на обезбедувањето. Излеговме од затвор и сега уживаме во Бразил”, напишала таа и ги покажала костимите кои тие ги носеле.

 

loading...