127 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ 67 СЕ ОД СКОПЈЕ, ТРОЈЦА ПОЧИНАА

167

127 нови случаи на КОВИД-19 се регистрирани во изминатите 24 часа, од 702 теста, соопшти Министерството за здравство, и тоа во: Скопје-67, Куманово-1, Дебар-1, Штип-33, Тетово-10, Струга-5, Охрид-6, Кочани-2, Пробиштип-2. Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 7 оздравени пациенти, во: Скопје-4, Тетово-2, Гостивар-1.

Починаа три лица, на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациент од Куманово на 70 години, хоспитализиран на 4 јуни и двајца од Скопје, пациент на возраст од 62 години, хоспитализиран од 5 јуни и пациент на возраст од 78 години, хоспитализиран на 2 јуни.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 12 нови, а вкупно хоспитализирани 71 пациент. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
До утрово, во Градската општа болница „8 Септември“ примени се 10 нови, а вкупно хоспитализирани 42 пациенти. На респираторна машина се 8, а со потешка клиничка слика се уште 7 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 13 пациенти, а на домашно лекување преку болницата се следат 2 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 24 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 39 пациенти – позитивни и сомнителни на КОВИД-19.

Вкупно ковид дијагностицирани во нашата земја се 3.152, оздравени пациенти се 1.653, починати се 156, а активни случаи во земјата има 1.343. По завршени епидемиолошки анкети, еден од позитивните случаи вчера регистриран во Куманово е од Скопје. Согласно тоа последната дистрибуција по градови е следна:

Скопје 1332, активни 720
Куманово 556, активни 139
Дебар 53, активни 2
Штип 207, активни 169
Прилеп 218, активни 27
Тетово 291, активни 127
Струга 103, активни 30
Велес 144, активни 30
Битола 30, активни 3
Охрид 37, активни 20
Кавадарци 6, активни 1
Гостивар 50, активни 28
Гевгелија 6, активни 2
Струмица 5, активни 2
Крива Паланка 7, активни 1
Радовиш 4, активни 0
Крушево 3, активни 0
Кочани 53, активни 22
Пробиштип 7, активни 5
Демир Хисар 1, активни 0
Македонски Брод 2, активни 0
Пехчево 3, активни 0
Берово 2, активни 1
Валандово 3, активни 2
Виница 3, активни 1
Делчево 1, активни 0
Кратово 3, активни 1
Свети Николе 3, активни 2
Кичево 3, активни 1
Неготино 16, активни 7 (*9 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 702 теста се преку: ИЈЗ –440 , ЦЈЗ Скопје-24 , Авицена –0 , Биотек – 0, Жан Митрев (Филип Втори) –91 , Систина со ПЦР метода –66 и МАНУ -81 . Досега во земјата се направени вкупно 37.027 тестирања на КОВИД -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 28 теста се во рамките на скринингот во градинки во Кочани, нема позитивни на КОВИД-19.

По општини активни случаи во  Скопје заклучно со вчерашните случаи
Чаир 168
Центар 64
Бутел 63
Гази Баба 58
Аеродром 57
Сарај 55
Карпош 45
Кисела Вода 35
Арачиново 23
Студеничани 19
Илинден 18
Ѓорче Петров 18
Шуто Оризари 17
Петровец 6
Чучер Сандево 3
Сопиште 2
Странец 2