Почетна Забава Познатата манекенка се впушти со голи гради во борба со коронавирусот (ФОТО)

Познатата манекенка се впушти со голи гради во борба со коронавирусот (ФОТО)

231

Познатиот модел, разголената сензација на Инстаграм, Деми Роуз, честопати е главна тема на британските таблоиди, но и во муабетите на корисниците социјалните мрежи…

Оваа бринета позната по бујните облини, речиси секојдневно објавува провокативни фотографии на својот Инстаграм

Така, Деми Роуз и покрај сета еуфорија и паника околу коронавирусот, покажа дека не му се плаши на „Ковид 19“, па стигна да ги израдува своите следбеници.

На својот Инстаграм Деми сподели фотографии на кои се гледа како ужива на Алпите во разни активности.

Потпрена на дрвената ограда со поглед на прекрасниот планински масив покриен со снег, таа се сликаше топлес сончајќи ги своите гигантски гради, чии набрекнати брадавици од студот ги прекрила само со трегерите, додека очите ги крие  зад големите темни очила за сонце.

Неколкуте вакви пози таа ги поткрепила со посвета: „l’art subtil de ne pas se soucier“, што на француски значи: „суптилна уметност, наместо грижа“, асоцирајќи на грижите на светот во справувањето со коронавирусот, од кој Деми, очигледно не се плаши, па во пресрет му оди со голи гради!