Петта светска средба на децата бегалци од егејскиот дел на Македонија

925

Од денеска до 21 јуни во повеќе градови низ Македонија ќе се одржува Петтата светска средба на децата бегалци во организација на Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија во соработка со здруженијата од Велес, Штип, Радовиш, Струмица, Битола, здужението „Чеган“ од Скопје и здруженијата на децата бегалци од дијаспората.

Подготовките почнаа во октомври минатата година, а настанот е во рамки на одбележувањето 70 години од напуштањето на нивните родни огништа во 1948 година за време на Граѓанската војна во Грција.

– Програмата на Средбата е прифатена од Владата на Република Македонија, Министерството за култура, Градот Скопје, како и општините каде се предвидени одделни активности, соопшти Републичкото здружение на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија, кое ги има организирано четирите досега одржани средби на децата бегалци – во 1988, 1998, 2003 и во 2008 година.