Трансферот на Ељиф Елмас од Фенербахче во Наполи е еден од најзвучните во изминатиот период кога се работи за македонски фудбалер, а со преминот на репрезентативецот во калчото, нашата земја доби и еден сигурен индивидуален учесник во Лигата на шампионите.
Во сегашниот формат кој се доби во 1992 по реформирањето на КЕШ во Лигата на шампионите, вклучувајќи го и Елмас за кого има најави дека ќе биде регистриран, имаат настапувано 15 Македонци.
Првиот е македонската фудбалска легенда Тони Савевски кој во Лигата на шампионите играше во далечната 1994 година, додека последен е Ељиф Елмас, кој ќе стави потпис на договорот со Наполи и ќе биде регистриран во елитата.
По Савевски, настапуваа уште Седлоски, Крстев, Митрески, Стојановски, а најголема трага во Лигата на шампионите остави Горан Пандев, кој со Интере воедно и единствен освојувач од Македонија на европското престижно фудбалско натпреварување.
ПЕТНАЕСЕТТЕ МАКЕДОНЦИ ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ:
Тони Савевски (АЕК, 1994/95)
Гоце Седлоски (Динамо Загреб, 1999/00)
Миле Крстев (Херенвен, 2000/01)
Игор Митрески (Спартак Москва, 2000/01, 2001/02, 2002/03)
Милан Стојаноски (Партизан, 2003/04)
Горан Пандев (Лацио 07/08, Интер 09/10, 10/11, Наполи 11/12, 12/13)
Бобан Грнчаров (АПОЕЛ, 2009/10)
Мирсад Мијадиновски (Дебрецен, 2009/10)
Александар Лазевски (Партизан, 2010/11)
Иван Тричковски (АПОЕЛ, 2011/12)
Аријан Адеми (Динамо Загреб, 2011/12, 2012/13)
Даниел Георгиевски (Стеауа, 2013/14)
Агим Ибраими (Марибор, 2014/15)
Стефан Ристовски (Спортинг, 2017/18)
Ељиф Елмас (Наполи, 2019/20)