Петмина загинати на Флорида: Влетал во банка и започнал да пука, а потоа самиот се јавил во полиција

106

Најмалку пет лица се убиени на Флорида откако вооружен напаѓач упаднал во банка и започнал на присутните во Себринг.

Наводно самиот напаѓач ги повикал итните служби и им рекол дека испукал куршуми кон луѓето. Полицијата веднаш пристигнала на местото на настанот каде што затекнале затворена банка со голем број на затворени заложници.

После долгите преговори, при што полицајците не успеале да го натераат напаѓачот да излезе од банката, специјалните единици на “SWAT” упаднале во банката и го убедиле да се предаде, соопштија од полициската станица во овој град во американската сојузна држава Флорида.

Напаѓачот бил идентификуван како Зефен Ксавер, а името на 21-годишниот напаѓач беше откриено за време на прес-конференцијата на локалниот шериф.

Ксавер моментално се наоѓа во притвори и мотивите за нападот во кој усмрти пет лица засега не се познати.

loading...