Страшната несреќа се случила кога мал авион удрив со складиште и терапевтски центар за аутистични деца на Флорида, и притоа убил две лица.
На оваа страшна снимка се гледа моментот на ударот, а само неколку секунди подоцна, авионот експлодирал, пренесува RT.
Овој несреќен случај се случил во саботата во околу 13:30 часот, а на пожарникарите им бил потребен еден час да го изгаснат пожарот.
Во моментот на несреќата во зградата имало осум наставници и шест деца, а тие за среќа не се повредени.
“Почувствувале дека зградата се придвижува и помислиле дека во неа удрил автомобил. Набрзо избил пожар, а секој наставник зграбил по едно дете за сите на време да побегнат надвор”, рекол директорот на центарот.
Во несреќата загинале две лица кои биле во авионот, а еден од нив е сопственикот на леталото, Еладио Маркез.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















