Еден пешак е потешко повреден, а четворица полесно во четири сообраќајни незгоди што се случиле во Скопје во изминатите 24 часа.
Според билтенот на СВР Скопје, вкупниот број на сообраќајки регистрирани изминатото деноноќие е осум, а во четири од нив е причинета материјална штета.
Сообраќајната полиција исклучила од сообраќај тројца возачи кои биле под дејство на алкохол, четвроица кои возеле пред да се стекнат со правото на управување на моторно возило и еден возач почетник. Од сообраќај се исклучени и шест нерегистрирани возила и едно технички неисправно возило.
Изминатото деноноќие се евидентирани и 37 возачи кои возеле побрзо од дозволеното, шест возачи кои не носеле сигурносен појас и осум возачи кои зборувале на мобилен телефон.За непрописно паркирање се издадени 99 казни, а со специјалното возило „пајак“ подигнати се 80 возила.














![[ВИДЕО] Петмина загинати, а 10 сериозно повредени во масовни верижни судири на бугарски автопат](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/bugarija-nesreka-218x150.jpg)


![[ВИДЕО] Судир меѓу хеликоптери на Монт Еверест, загина турист](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/11/xnK2D-mount-everest-323437-750x423-1-218x150.jpeg)



















