Перо Антиќ: Зошто се разведов?

336

Кошаркарскиот ас Перо Антиќ првпат зборува за разводот и за новата љубов во интервју за Репортер.

Кога почнав да играм кошарка, Марин Докузовски ме избрка од првиот тренинг затоа што сум доцнел. Тогаш по 80 деца како лубеници нè избираа кој го бидува а кој не. Еден ден стигнав да играм во НБА, ама она што го направивме со Македонската репрезентација во 2011 е нешто на кое најмногу се гордеам. И тогаш го истетовирав македонското знаме на градите, вели Антиќ.

Татко е на три деца. Зад себе има брак со уредничката на Портрет магазин Ружица Максимовска, со која е во добри односи.

Подобро добар развод од лош брак. Не беше лесно да им објасниме на децата. Но, тие се најважни и тоа не може ништо да го смени, вели Перо, кој купил и стан во близина на поранешната жена за да може постојано да биде со децата. Во интервјуто кажува и за новата љубов.
Навистина сум среќен, открива Антиќ.

За времето поминато во Аталанта претседателот на КФМ вели: Таму сè е опуштено, нема ни тренинзи, пред натпревар се излегува  во град. Замисли, кога играв во „Црвена звезда“, на Жељко Обрадовиќ да му кажам дека ќе излезам во град вечерта. Ама и сега ми е тешко во студио гласно да го изговорам ова.