Претседателот Стево Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Клан рече дека Македонија била заборавена од производителите на вакцини, бидејќи е мал пазар.
-Јас сум првиот кој кажа дека не смееме да бидеме последни кои ќе ја примат вакцината против Ковид 19. Во Србија има претставништво Фајзер и затоа вакцинацијата тече. За жал Западниот Балкан е исклучок од вакцинацијата. Ние бевме практично заборавени пред се од големите фармацевтски компании, на кои им е битен профитот.
Во нашите преговори со Фајзер и АстраЗенека прво прашање кое беше поставено од нивна страна е колкав број на жители сме и дека сега во моментов нивен интерес се големите пазари. Ние не сме единствените каде не е започната вакцинацијата Босна, Албанија, Црна Гора, вели Пендаровски















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















