Пеколниот план на Сорос: Да ја покори Европа со мигранти! Целата работа почнала за време Втората светска војна

8363

Пред неколку дена унгарскиот премиер Виктор Орбан го шокирал целиот свет велејќи дека мегаглобалистот, еден од господарите на хаосот, Џорџ Сорос, ја предизвикал мигрантската криза која во овој момент ја “руши” Европа! Додал дека Сорос е предводник на левичарските организации и активисти, под чија палка се одвива преселувањето од еден континент на друг.

Со тоа Орбан станал првиот премиер на модерна Европа кој се осудил јавно да ја посочи светската елита која управува со нашата реалност. Орбан изрекол едно интересно предупредување: ја повикал јавноста на будење, за да не се случи од никого избрани поединци да владеат со светот. Со тоа недвосмислено признал дека постојат поединци кои не ги бирал светот, а имаат тенденции да владеат со планетата.

Така, преку ноќ, една теорија на заговор станала реалност. Дека Орбан бил во право кога зборувал за него, потврдува и самиот Сорос. Иако некој таков не би требало да биде важен за луѓето, тој самиот се става во позиција да и дава упатства на Европа, поточно да и заповедува – “Мора да ги примите мигрантите во Европа”.

За “Project Syndicate”, социјален форум за отворена пропаганда, тој отворено изјавува дека ЕУ е должна да загрижи најмалку милион муслимански мигранти годишно и за тоа годишно да троши 16,8 милијарди долари. Должна?

Како што Сорос понатаму наведува, парите за прифаќање на мигрантите ЕУ ќе ги добива од напредните европски земји и САД во облик на долгорочни обврзници, со што јавно признава дека се е испланирано претходно. “На ЕУ и треба сеопфатен план да одговори на кризата, треба ефикасно да управува над тековите на баратели на азил и треба на уреден начин и со добро темпо да ја задржи способноста да ги апсорбира, мора да биде сеопфатна, планот мора да се прошири и на границите надвор од Европа”, пишува Сорос и додава дека станува збор за глобалистички планови кои треба да ги предводи ОН. Индиректно, Сорос го потврдува тоа што теоретичарите на заговор го тврдат со години.

Новиот светски поредок ќе се воспостави под ОН, кои со децении се подготвуваат за состојбата на хаос која ја гледаме денес.

Според Сорос, на мигрантите мора да им се дозволи сами да изберат каде ќе се населат. Така ситуациите како таа во малото село Пошерсрид, каде меѓу 40 жители се доселиле дури 120 мигранти, ќе станат факт.

“Инвазијата се води, од една страна, од шверцери на луѓе, а од друга страна од активисти за човекови права кои поддржуваат се што ослабува една држава”, рекол Орбан, спомнувајќи го Сорос како предводник на двете инвазии. Сорос во “Bloomberg Business” му одговорил: “Неговиот план е да ја третира заштитата на националната граница како цел, а бегалците како препрека”. “Нашиот план ја третира заштитата на мигрантите како цел, а националната граница како препрека”, што е шокантна изјава за целото човештво кое не е свесно дека Сорос отворено изјавува дека владее со светот, како и дека неговата цел е свет без национални граници.

А токму тоа и Орбан го покажал. Покажал дека планот на Сорос е уништување на националните граници и идентитети на сите држави со цел креирање на еден свет – Нов поредок. Секако, тоа што Сорос го споменува е смислено од порано, односно врежано во самите темели на Европската Унија, бидејќи еден од главните архитекти на ЕУ, Жан Моне, во екот на Втората светска војна изјавил: “Нема да има мир во Европа ако државите повторно се конструираат на основа на национален суверенитет. Европските земји се премали за да им гарантираат напредок на своите народи. Европските држави мора да се конституираат во федерација”.

Па така, очигледниот план е уништување на националните суверенитети и културни особености, под капата на лажен европеизам заснован на лажни вредности и лажни идеали, кои нас не напаѓаат сите овие години, а во поново време под капата на инвазија на илегални мигранти.