Во знак на протест: Срушена статуата на основачот на универзитетот по откритието на масовната гробница на домородните деца во неговите простории

120

На универзитетот Рајерсон во Торонто е урната статуата на неговиот основач, на протестот поради неодамнешното откритие на масовната на домородните деца на просторот на универзитетот.

Видео снимките на социјалните мрежи од протестите во неделата покажуваат дека статуата на Еџертон Рајерсон, кој се смета за еден од творците на канадскиот контроверзниот училишен систем, е урната од пиедесталот додека во близина навивала маса на луѓе, пренесува “BBC”.

Во соопштението од универзитетот се наведува дека повеќе од 1.000 луѓе учествувале во мирен протест во неделата попладне, пред час подоцна да дојде камион кој помогнал статуата да се урне.

Мохамед Лашеми, ректор на Универзитетот, нагласил дека статуата нема да биде обновена или замената по рушењето во инцидентот, за кој полицијата на Торонто потврдила дека се истражува.

Се поголемото преиспитување на улогата на Рајерсон откако биле пронајдени остатоци од 215 домородни деца, довело и до повици за промена на името на Универзитетот и отстранување на статуата која веќе била обоена со црвена бојна со слогани на столбот, кои сугерирале на неговата врска со канадскиот третман на домородното население.

Староседелската заедница соопштила дека пронашла докази дека 215 деца биле погребани на имотот на Универзитетот во близина на градот Камлупс, во Британска Колумбија на западот на Канада. Тоа бил еден од многуте такви универзитети кои биле основани за принудно да ги асимилираат староседелците.

Откритието на масовните гробници со остатоци од повеќе од 200 староседелски деца, починати во системот на училиштето за принуидна асимилација, ја потресе Канада и го отвори прашањето за проблематичното минато на Канада кон староседелското население.