Пауновски за СДСМ: Што си посеаја, тоа си ожнеаја

792

Eкс директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски го коментира поразот на СДСМ на локалните избори и во изјава за „Фокус“  вели дека што си посеаја, тоа си ожнеаја.

Пауновски беше разрешен од функцијата затоа што одби да прими 35 „рамковни“ административци во Пазарниот инспекторат поради несоодветно образование. Потоа, премиерот Зоран Заев му порача дека „пркос“ не е дозволен, дека мора да се почитува хиерархијата, по што Пауновски беше разрешен на владина седница.

Заев си поднесе оставка, од функцијата премиер и лидер на СДСМ, во неделата поради слабиот изборен резултат на локалните избори.