Драмата во Лондон за Челси – сепак англиско финале во Лига Европа

147

По драматичните и нерешени 120 минути на „Стемфорд Бриџ“, домаќините Челси се изборија за финале во Лига Европа преку пенал рулетот против Ајнтрахт Франкфурт (4:3).

Иако гостите имаа пенал предност поради одбраната на нивниот голман, сепак и Кепа Аризабалага одбрани пенал, а Еден Азар со последниот пенал му обезбеди финале на Челси, по што ќе гледаме англиско финале во ЛЕ, Арсенал – Челси.