Патници се смрзнувале 16 часа во авион кој заглавил во Канада

790

Патници во американскиот авион на United Airlines на лет од Њуарк, Њу Џерзи за Хонг Конг заглавиле на авионот повеќе од 16 часа на студеното време со сè помалку храна.

Како се случи ова?

 Како што пренесува CNN, инцидентот започна во неделата кога во 21.30 часот по локално време авионот кој полетувал од аеродромот од Њуарк, Њу Џерзи во 15.03 морал итно да слета на аеродромот Goose Bay во канадската провинција Њуфаундленд поради медицински итен случај во авионот.

Но, откако пациентот беше префрлен од авионот во болница, за останатите патници започнале вистинските проблеми. На авионот се расипале излезните врати поради кои не можел повторно да полета.

Патниците не можеле да излезат, бидејќи на воениот аеродром немало цариник

Патниците не можеле да го напуштат авионот, бидејќи аеродромот Goose Bay немал цариник во текот на ноќта за да ги процесира патниците. Поради тоа патниците биле присилени да чекаат 16 часа.

Иако во авионот била вклучена струјата и греењето додека чекал на пистата, вратите не можеле да се затворат, а температурата надвор била -20 степени Целзиусови.

Патник од авионот започнал во живо да известува на Твитер за ситуацијата во која се наоѓаат, молејќи ја авио-компанијата за помош и предупредувајќи ги дека се смрзнуваат и дека повеќе немаат храна.

Екипажот на Goose Bay наутро им донесе кафе и крофни на патниците, а United Airlines им се јави за да ги извести дека прават сè што е можно за да им помогнат.

Конечно, после повеќе од 16 часа патниците добиле дозвола да го напуштат авионот и да се прекачат на друг, но кој ќе се врати назад за Њу Џерзи, а не за Хонг Конг.