Парис Хилтон: „Бев дете, а ме фрлија во самица, ме тепаа, понижуваа и гледаа гола“

853

Подготовките за венчавката на Парис Хилтон се во тек, а местото на венчавката било сменето само една седмица пред церемонијата.

Парис и нејзиниот избраник Картер ќе се венчаат на 11 ноември на имотот на нејзиниот покоен дедо Барон, а папарацо фотографите веќе ги зазеле своите места околу имотот.

Сè фотографирале со дрон, а на фотографиите се гледа огромен дрвен подиум за танц кој се гради покрај базенот. Исто така видливи се и цветните аранжмани во облик на иницијалите на невестата и зетот.

Овој месец беше откриено дека Парис го сменила местото на одржување на венчавката само една седмица пред истата да се одржи, а претходно беше објавено дека раскошната церемонија ќе се одржи во црква на Беверли Хилс.

Доколку за ликот и делото на Парис ги поврзувате поимите богата, глупава и разгалена наследничка чија единствена грижа е какви чевли ќе облече, тогаш сте далеку од вистината.

Покрај градењето на бизнис империјата, Парис практично беше и првата инфлуенсерка во светот – некој кој имаше влијание врз трендовите уште пред на социјалните мрежи да постои тоа.

Славната Парис во документарецот „This is Paris“ по две децении криење одлучи со јавноста да го сподели вистинското лице – способното и паметното.

„Многу сум горда на сè што постигнав и чувствувам дека има голема заблуда во врска со мене. Сакав да им покажам на луѓето која сум всушност јас“, изјавила таа.

Таа проговорела за периодот од животот додека растела – била злоупотребувана, а од тоа ниту денес не закрепнала во целост.

Имено, нејзините родители не можеле никако „да ја доведат до ред“, па поради тоа ја испратиле во училиште за превоспитување и промена на однесувањето во Јута во кое практично немала контакт со реалниот свет.

„Бев дете, а ме ставаа во самица, ме тепаа, понижуваа и ме гледаа гола“, раскажала таа.

Ѝ давале и таблети за смирување, ја ставале во самица како во затвор, а немала приватност ниту додека се туширала – и тогаш вработените ја надгледувале. Таа тврди дека била континуирано мачена и понижувана.

„Добивам бројни мејлови од луѓе кои биле во истото тоа училиште и го преживеале истото како јас. Ми пишуваат дека сум храбра што раскажав сè. Никогаш тоа на никој не сум го кажала затоа што бев исплашена поради што не сакав ниту да го спомнам тоа“, изјавила таа и додала дека вработените во тоа училиште заслужуваат да одат во затвор.

Парис признала и дека ликот на „глупава русокоса“ го создала за на некој начин да ја заштити својата психа од траумите по тоа искуство и за да ја преживее суровата страна на шоубизнисот.

Таа во истиот документарец признала и дека била меѓу првите славни личности чија еротска снимка завршила на интернет.

Имала само 18 години кога се согласила нејзиното тогашно момче да ја сними во текот на интимниот однос и дека била убедена дека снимката нема да ја види никој.

Но, 13 години постариот Рик Саломон снимката ја именувал како „1Night in Paris“ и ја продал откако раскинал со Парис која оттогаш го има имиџот „проблематична богата наследничка“.

Парис денес е жена која ја подготвува својата венчавка и вели дека ја пронашла својата вистинска љубов.

„Сега сум со најсовршениот маж и се чувствувам толку сигурно. Конечно го отворив своето срце првпат, и тоа е најдоброто чувство на светот“, заклучила Парис.