Папата расчини двајца бискупи поради злоставување на деца

466

Папата Фрaнциско расчини двајца чилеански бискупи кои биле инволвирани во скандалот со сексуална злоупотреба, соопшти денеска Ватикан.

Расчинети се надбискупот, Франциско Хозе Кокс Хунеус од Ла Серена и надбискупот Марко Антонио Орденес Фернандез, пренесе „Ројтерс“.

Се тврди дека двајцата се расчинети бидејќи сексуално искористувале малолетници со толку многу докази што канонско судење било практично непотребно.