ПРВИОТ СНЕГ ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ОВАА СЕЗОНА – ПАДНА НА ПОПОВА ШАПКА

407

Невообичаено студениот бран кој ја зафати Македонија го донесе и првиот снег за оваа сезона. Во текот на изминатата ноќ паѓаше на Попова Шапка каде температурата се спушти до околу 0 степени, а се создаде и тенка снежна покривка.

Еве како изгледа Попова Шапка утрово

Невообичаеното студено време ќе се задржи уште денес, додека од утре, па за време на викендот ќе имаме брз и голем пораст на температурите на воздухот, па за време на викендот температурите ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 31 степен. Сепак до сабота наутро ќе биде МНОГУ СТУДЕНО со минимални температури кој понекаде ќе се спуштат дури до -1 степен, со што е можна појава на првиот мраз за оваа сезона.