Памела на 53 години во бикини изгледа подобро од повеќето помлади колешки

699

Секс-симболот и холивудска актерка Памела Андерсон, која целиот свет ја памети по улогата на Си Џеј Паркер од серијата “Чувари на плажата”, и ден-денес е во добра форма и има тело како на кое би и позавиделе многу помлади девојки.

Во интервју за “Fox News” таа зборувала за црвеното боди во кое таа трчала по плажата во Малибу, а таа сцена ја паметат речиси сите мажи, бидејќи нејзините облини дошле до израз.

Актерката открила дека и натаму понекогаш го носи тој црвен костим за капење.

“Го чувам во фиоката. Секогаш ми одговара. Го носев неколку пати само за да им го покажам на пријателите”, рекла Памела.

Актерката постојано ни докажува дека и 23 години подоцна не се променила многу кога станува збор за нејзиното тело.

Андерсон во “Чувари на плажата” глумела од 1992-ра до 1997-ма година, а на Инстаграм често објавува разголени фотографии од тој период.

Потсетуваме, актерката неодамна ставила крај на својот петти брак по само 12 дена. Памела се омажила со продуцентот Џон Питерс, а подоцна објаснила дек тие сепак не биле во брак.

“Не бев омажена. Романтична сум. Мислам дека сум лесна мета и дека луѓето само живеат во страв”, рекла таа.

“Сакав да се омажам само еднаш. Зарем тоа не го сакаме сите? Имам прекрасно семејство. Добра мајка сум…само не сум добра сопруга…не можеш да имаш се”.

Кога го прашале Џон што е причината за нивното раскинување, тој рекол:

“Имаше сметки во вредност од речиси 200.000 долари и не можеше да ги плати, па јас го направив тоа и ова е благодарноста што ја добив. Нема поголеми будали од стари будали”, рекол тој.

Памела и филмскиот продуцент се познаваат подолго од 30 години, а Џон рекол дека биле во врска неколку месеци пред венчавката и дека веќе 35 години е заљубен во Памела и дека само неа ја сакал за сопруга, додека Памела остро ги демантирала неговите обвиненија дека го искористила за пари.

“Не ми треба никој да ми ги плаќа сметките, поседувам куќа од 10 милиони долари во Малибу, која се издава речиси 2 години, а наредните 3 до 5 години ќе се издава за 40.000 долари месечно. Тоа ги покрива повеќето мои трошоци”, рекла Памела.