Памела Андерсон се врати во прегратките на богатиот фудбалер

850

Памела Андерсон во септември минатата година ја раскина љубовната врска со 18 години помладиот фудбалер Адил Рами, и тоа откако ја побара за жена! Таа го одби прстенот по заеднички живот од една година во Франција, но изгледа по неколкумесечната пауза, сепак, пресудија емоциите, и актерската се врати во неговите прегратки.

Изминативе неколку недели, Памела се дружеше со близнаците на Адил, Зејн и Мади. И’ се скрши срцето што татко им не ги гледа колку што е потребно, па мисли дека вината за тоа лежи кај неа“, откриваат извори блиски на русокосата заводница.

Инаку, Памела за време на врската со Адил беше многу блиска со неговите деца, кои ги сакаше како да се нејзини.

Блиските пријатели велат дека не им се допаѓа нејзиното смирување со фудбалерот, затоа што Рами ја одделува од нејзиното блиско опкружување, па и од семејството, и сметаат дека таквата врска нема да трае долго.

Извор: Glossy.rs

Фото: Профимедиа, Инстаграм