Оваа серија веќе по три епизоди има подобра оцена од “Game of Thrones” и “Breaking Bad”

220

Новата мини серија на “HBO” – “Chernobyl” ги воодушеви гледачите до таа мера што некои веќе по првата епизода ја прогласија за една од најдобрите серии на годината.

Иако се објавени само три епизоди (од вкупно пет), серијата веќе постигна подобри оцени на “IMDb” од планетарно популарните серии “Game of Thrones” и “Breaking Bad”.

Моментално нејзината просечна оцена изнесува импресивни 9,6, а не престанува да ги воодушевува ни критичарите ни публиката.

Серијата во пет продолженија прикажува што тргнало на лошо во нуклеарната електрана во поранешната советска Украина, во ноќта помеѓу 25-ти и 26-ти април 1986 година, но прикажува и како дошло до експлозијата, како и последиците.

Се чини дека токму фактот што е снимена според реални настани најмногу го привлекува и задржува вниманието на гледачите, а многумина на социјалните мрежи ја прогласија за ремек-дело.

“Никогаш во животот не сум видел нешто толку ужаснувачко како “Chernobyl”. Ни близу. Вистински хорор, а сето тоа навистина се случило. Понекогаш ваквите телевизиски драми можат да ви ги отворат очите за нешто што навистина се случило, многу подобро од било кој друг медиум”.

“Chernobyl” е вистинско ремек-дело. Ако уште не сте почнале да ја гледате, морате – верувајте ми”.

“Chernobyl” е една од најстрашните серии кои некогаш сум ги гледал, а тоа навистина се случило”.

Чернобилската катастрофа сè уште се смета за една од најлошите катастрофи за која е заслужен човекот. Според “BBC”, “настанот погодил повеќе од 3,5 милиони луѓе и контаминирал речиси 50 илјади квадратни метри на Земјата”.

Драматичната серија, помеѓу другото, го следи животот на Валери Легасов, физичар и шеф на доверителството кој ја истражува катастрофата. Во мини серијата се гледа колку трагичниот инцидент ја погодил Земјата, но и самиот Легасов. “Chernobyl” исто така ги истражува настаните кои следеле по катастрофата и како некои работи, сугерира шоуто, се скриени од јавноста.

loading...