Од Пол Њуман и Синатра, до Бред Пит – сите најголеми заводници на Холивуд имале една иста физичка карактеристика.
Доколку не можете да се сетите што им е заедничко на Френк Синатра, Бред Пит, Пол Њуман, Стив Меквин, кои – секој во своето време, биле апсолутно најпривлечни во светот на славните, веднаш ќе ја решиме вашата дилема.

Сите тие имале – сини очи.
Оваа карактеристика била толку многу доминантна во изгледот на Френк Синатра, што неговиот прекар бил Ol’ Blue Eyes, а неговиот нежен поглед бил воедно и негов заштитен знак.
Во што е тајната?
Бројни научни истражувања покажуваат дека жените преферираат мажи со сини очи, а во една студија било утврдено дека трикот е во тоа што нè привлекува тоа што е ретко.

Според податоците на „World Atlas“, околу 79 отсто од човековата популација има кафеави очи, а синооките се на второ место со 8-10 отсто.
„Има смисла тоа што ретката боја на очи е попривлечна“, вели психологот д-р Карла Мари Менли.
„Тоа има корени во нашиот примитивен механизам за преживување, дека човековиот мозок и човековото око го забележуваат тоа што е поразлично и единствено“.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















