Славниот Здравко Чолиќ веќе со години е во среќен брак со сопругата Александра, со која има две ќерки, Уна и Лара, но за неговиот приватен живот малку се знае.
Малкумина знаат дека актерката Јасна Орнела Бери, која е три години помлада од него, била неговата прва љубов.
Здравко Чолиќ, беше и понатаму е еден од најголемите заводници во поранешна Југославија, а по него лудувале многу познати дами, меѓу кои и актерката Јасна.

Пејачот за својата поранешна љубов ретко зборувал во јавноста. Тие двајца се вљубиле во Сараево, а детали за нивниот однос во една прилика открила и Јасна.

„Ние се запознавме многу млади, одамна. Одевме на Скендерија, во Домот на младите, каде се собираа таленти и таму беа и музичари, актери и сликари. Се дружевме и таму првпат се заљубив. Сите имаме прва љубов и секогаш таа љубов ќе има еден посебен дел во моето срце, кое ќе биде резервирано само за него – рекла во една прилика Јасна.
Како што рекла, патовите им се разишле, а првпат се сретнале после војната во Белград.
„Првпат по војната се сретнавме во Белград, беше таков емотивен момент кој никогаш нема да го заборавам. Тој е фантастична личност и својата харизма успешно ја одржува и денеска. Пред се е добар човек. Чола ми ја посвети песната „Ноќ ми те дугује“, која сам ја напишал.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















