Ова се триковите на маркетите, за да потрошите повеќе пари

1007

Маркетите се едни од најголемите виновници за импулсивно купување. Се служат со голем број трикови како би ве убедиле да потрошите повеќе пари од планираното. За вас денес издвоивме само дел од нив.

РАСПОРЕД ВО МАРКЕТ

Најчесто купуваните производи како што се леб, млеко, житарки или јајца се поставени на различни делови од маркетот. Тоа не е случајност.

Маркетите знаат дека доколку житарките ги стават на едниот крај на маркетот а млекото на сесема друг тогаш вие мора да поминете покрај многу други производи а со тоа се зголемува шансата имуплсивно да додадете други производи во вашата кошница.

ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК

Во најголем дел од маркетите овошјето и зеленчукот се наоѓаат близу самиот влез. Голем број истражувања покажале дека луѓето кои најпрво купиле здрави намирници се чувствуваат подобро во врска со својата исхрана но истите луѓе следно купиле брза храна за да се наградат себеси.

НАЈСКАПИТЕ ПРОИЗВОДИ СЕ НАЈЛЕСНО ЗАБЕЛЕЖЛИВИ

Најевтини производи ќе најдете на најниската полица или на највисоката. Производите со повисока цена се стратешки поставени да бидат најлесно забележливи. Секогаш погледнете и споредете цени.

КОЛИЧКА ИЛИ КОШНИЦА?

Доколку не ви се потребни премногу производи секогаш изберете кошница наместо количка. Проблемот со големите колички е тоа што потрошувачите губат осет за тоа колку купуваат и што купуваат. Како резултат на тоа ќе потрошите повеќе пари.

Следниот пат кога ќе одите во маркет не заборавајте да направите листа на се што ви е потребно и строго придржувајте се до истата. Покрај тоа, потрудете се да завршите со пазарување во што е можно пократок период бидејќи колку повеќе време минете во маркетот, поголема е веројатноста да потрошите повеќе од планираното, на производи кои не ви се потребни.