Јелена Карлеуша: „На овој несреќник му го простувам целото зло“

137

Јелена Карлеуша се огласи по повод интервјуто на фудбалерот Огњен Врањеш, во кое тој го пофалил нејзиниот сопруг Душко Тошиќ, велејќи дека има челични нерви штом понатаму ја трпи.

Фудбалерот се откажал од тужбата наводно, како што истакна самиот, поради тоа што е „свесен дека популарната пејачка не ги почитува надлежните органи, па нема намера да поткренува спор кој ќе трае со години“.

Но ЈК не му остана должна и се огласи на Инстаграм, каде што порача:

На овој несреќник му го простувам целото зло бидејќи мајка ми ме научи дека простувањето е најголема победа за добриот човек. Знаеше да каже: ‘Сине, секој кога-тогаш ќе престане со своето зло… Нека биде така“, напишала Јелена на своите кратки приказни.