Ова е се играчите со кои ќе ја напаѓаме Германија

46

Селекторот Милевски не се двоумеше кого да го стави во нападот место суспендираниот Милан Ристовски.

Тоа секако е Адис Јаховиќ, преку кого ќе ја напаѓаме Германија. Формацијата е 4-3-3 или пак 4-1-4-1.

На голот е Димитриевски, во одбраната тука се Алиоски, Муслиу кој се врати по паузата од еден меч, потоа Велковски и капитенот Стефан Ристовски.

Пред нив ќе биде Аријан Адеми, а веднаш до него, или малку понапред ќе бидат Елмас и Николов. Лево ќе “оперира“ Дарко Чурлинов а десно Тихомир Костадинов, кој ќе има задача да помага и во средниот ред.

И во нападот Адис Јаховиќ.