Ова е писмото со кое Брандо се обидел да ја утеши Мерилин Монро додека била во душевна болница

606

Една година пред да стави крај на својот живот, Мерилин Монро била хоспитализирана поради депресија, а токму тогаш преку писмо ѝ се обратил еден од најпознатите луѓе во тоа време.

Додека боледувала од тешка депресија и се соочувала со чести здравствени проблеми, една од најубавите жени во Холивуд била поддржана од своите пријатели.

Поради тоа што често била болна, таа губела волја за живот и непрекинато се чувствувала исцрпено, а на 11 февруари таа заминала во една њујоршка психијатриска болница.

Малку е познато дека таа престојувала во институцијата за ментално здравје, а токму таму ѝ стигнало посебно писмо кое ѝ го испратил колегата Марлон Брандо.

„Драга Мерилин,

Најдобрите повторни процени се раѓаат во најлошите кризи. Во одредена мера, тоа на сите ни се случува. Биди среќна поради тоа и не плаши се од стравот. Тој може само да помогне. Опушти се и уживај во тоа. Моите мисли се со тебе и ти испраќам најтопла поддршка.

Марлон“.

Околу една година подоцна, Мерилин извршила самоубиство.

Инаку, ова писмо во 2005 година на аукција било продадено за неверојатни 36.000 американски долари.