Изминатите три дена 21 сообраќајка во Скопје, три лица тешко повредени

401

Три лица биле потешко повредени во три од вкупно 21 сообраќајна несреќа во текот на изминатите три дена во Скопје. Во 10 биле полесно повредени 15 лица, а во осум била причинета материјална штета.

Од СВР Скопје информираат дека во текот на изминатите три дена сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Сто педесет и три возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 18 возачи поминале на крстосница на црвено светло, пет возачи кои не дале првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, четворица возачи за неправилно престројување и шест возачи за неправилно престигнување.

Санкционирани биле и шест пешаци кои поминале коловоз вон пешачки премин.

Од сообраќај, биле исклучени вкупно 100 возачи, од кои 40 кои го управувале возилото под дејство на алкохол, 45 возачи пред да се стекнат со право на управување и 15 возачи почетници, како и три технички неисправни возила и 37 нерегистрирани возила.

Затекнати биле 152 возила непрописно паркирани.

Со помош на  специјалното возило пајак, отстранети биле 110 возила.

СВР Скопје – Одделение за превенција во соработка со Општина Центар и Републичкиот совет за безбедност на патиштата (РСБП)  денеска со почеток во 12 часот во ОУ „11 Октомври“ ќе одржат промоција на училишните сообраќајни единици на подрачјето на општина Центар.