Вчера премиерно, Васил Гарванлиев ја претстави долгоочекуваната песна YOU, со која тој ќе не претстави на Евровизија во Ротердам, Холандија.
Автор на музиката на песната е Невена Нешкоска, македонска композиторка и продуцентка која работи и живее во Чикаго. Невена е автор и на текстот на песната, којшто го создаде заедно со нејзината сестра Калина Нешкоска и колешката од Беркли Алис Шредер. За продукцијата и аранжманот на песната освен Невена Нешкоска се погрижија и Дарко Димитров и Лазар Цветкоски.
Видео записот за песната го режираше Милена Витман, а фотографијата и монтажата се дело на Ѓорѓи Вацев. Продуцент на спотот е Јелмаз Дервиши.
Васил ќе настапи во Првата полуфинална вечер на 12-ти мај.















![[ВИДЕО] НАСА лансираше нов телескоп за истражување на вселената: „Голем чекор напред“](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/m1i43-14249469-218x150.webp)
![[ВИДЕО] Бројот на исчезнати нагло се зголеми, расте и бројот на жртви: откриена е причината за огромната катастрофа во Непал и Тибет](https://www.mkvesti.mk/wp-content/uploads/2026/08/08n0n-14240343-218x150.webp)





















