Ова е наследничката на милионите на Лагерфелд: “Доколку законот ми го дозволуваше тоа, би ја оженил”

288

Карл Лагерфелд наводно оставил тестамент во кој ги именуваше наследниците на своето богатство вредно 200 милиони долари. Со оглед на тоа дека славниот дизајнер нема деца, како можни наследници на големото богатство се споменува неговото кумче Хадсон Кроениг и мачката Чупет.

Лагерфелд во едно интервју призна дека неговата мачка е дел од неговиот тестамент и дека таа е неговото најомилено суштество покрај 11 годишниот Хадсон Кроениг на кој му бил кум и го обожувал. Иако Лагерфелд не сакал деца, тоа дете сепак му било при срце. 

View this post on Instagram

Mid-week mood. #KARLLAGERFELD

A post shared by KARL LAGERFELD (@karllagerfeld) on

Мачката Чупет беше со Лагерфелд речиси девет години. Дизајнерот одби да му ја врати на пријателот Баптиста Гјабичони кој му ја доверил на чување, бидејќи се заљубил во неа.

“Ние комуницираме со погледи. Доколку законите ми го дозволуваат тоа, би ја оженил”, рекол Лагерфелд. Според BBC, Лагерфелд мачката му ја оставил на Кроениг и на тој начин се осигурал и двата да уживаат во богатството. Детето ќе мора да му пружи на мачката сè што добивала претходно, бидејќи Лагерфелд прилично ја разгалил во текот на животот.

“Таа никогаш не смее да биде сама. Една слугинка секогаш е покрај неа. Додека едната внимава на неа, другата објавува фотографии на социјалните мрежи. Мора да ја чешлаат четири пати дневно”, рекол во една прилика Карл.

loading...