Отворени за камиони премините Ѓавато и Стража и патот Струга – ГП Ќафасан

529

Утрово е укината забраната за сообраќај за тешки товарни возила на планинските премини Стража и Ѓавато, како и на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан, којашто беше воведена поради обилните врнежи од снег и важеше до 8.30 часот.

АМСМ претходно соопшти дека утрово од 5.20 часот е укината забраната за сообраќај на камиони и на планинскиот премин Плетвар и дека е нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврови Анови – Дебар, кај Бигорскиот манастир, откако се пробиени лавините што вчера паднаа на делницата Дебар – Жировница.