Освежена и подмладена: Светлана Црнокрак отворено за корекциите што ги направи

708

Легендарната манекенка и презентер на вести, Светлана Црнокрак (43), новиот статусен симбол го носи со себе, кога сака го рекламира, а кога сака го препорачува за подарок, не е скап колку луксузна чанта или кола, а носи среќа и задоволство за сопственикот, а понекогаш завист и озборување во јавноста.

Ѝ се гледа на лицето и не можете да и ги погодите годините. Станува збор за третмани за подмладување-лифтинг на лицето, вратот и рацете, ботокс, освежување со филери, третмани за стимулација за создавање на колаген и минимална корекција на усните.

Цеце, како што ја викаат блиските, во јавноста препознатлива како совршена со својата висина, зелените очи, со руско-украинско потекло, како дел од модниот свет, заштитно лице на многу брендови за убавина, мајка, сопруга, и ментор на идните манекени, вели – си исполнив дамнешна желба.

– Како лице од модната сцена и презентер на вести, многу ми е битен изгледот и шминката. Речиси сама се шминкам, и секогаш ја зголемував со молив и кармин горната усна. Сега не морам да го правам тоа, и многу сум задоволна од зафатот, ни изјави Црнокрак која веќе со години обрнува внимание и на своето тело, и задоволна е со исхраната на светски познатиот нутриционист Пјер Дукан.

Бидејќи сум физички активна (вежбам, возам велосипед, трчам, пливам, скијам…), решив да ја испробам и оваа диета, која е протеинска и најсоодветна и ми одговара. Водолија сум во хороскоп и сум немирен дух. Сакам да сум постојано во движење, да го работам она што ме исполнува, и професионално и приватно. Сакам позитивни луѓе и се трудам да го користам своето време за убави работи, особено со моето семејство, моите најблиски, пријателите.. – вели Светлана.

* Каков ти е односот спрема убавината сега и некогаш?

– Секоја жена е убава на свој начин. Не постои неубава жена.. и таа убавина што ја имаме треба да ја чуваме и негуваме. Отсекогаш сум била за природната убавина за она што господ ни го подарил, но колку и да сакаме да ја зачуваме, годините си го прават своето. Благодарение на многу методи кои за среќа и кај нас се сега достапни, можеме барем приближно да останеме – вечно млади и убави – во граници на нормалата се разбира. Немам ништо против тоа и го применувам и се придржувам на тоа да го правам умерено онолку колку треба без голема трансформација на природното, туку минимално да се искоригира и освежи веќе постоечкото.

* Што најмногу ти се допаѓа во твојот изглед, а што не?

– Немам нешто конкретно што би го издвоила како многу убаво и неубаво на мене. Задоволна сум од својот изглед, се трудам колку што можам да го зачувам, да го негувам, а останатото го препуштам на Ординација Др.Анчевски. Со помош на нивните третмани моето тело, моето лице изгледа секогаш свежо и подмладено.

* Што реши да промениш?

– Мојата промена е минимална. Освежување со филери, третмани за стимулација на создавање за колаген, лифтинг на лицето, вратот и рацете, ботокс и минимална корекција на усните.

* Дали одлуката беше во консултација со пријателка или доктор, или сама одлучи?

– Сама одлучив. Мојата пријателка е воедно и доктор Тања во ординацијата и таа беше виновникот што ми помогна да мојата одлука се реализира.

* Ја имаше ли поддршката од семејството?

– Бидејќи нашата професија, а и лично мојата е комуникација со јавноста, медиумите, тоа значи дека изгледот е првенствено најважен па потоа и останатато.Така да поддршката ја имав од семејството.

* Како течеа и колку траеја зафатите? Беше болно или не?

– Јас немав некои посебни хируршки зафати, туку тоа се третмани за освежување на кожата на рацете, вратот и лицето. Тоа се временски кратки третмани кои некои од нив се повторуваат на секои две недели. Некои се безболни, а оние кои се аплицираат со боцкање се малку болни.

* Колку си задоволна од резултатот?

– Кратко и јасно, кога професионален тим работи со тебе, а воедно врвна услуга и квалитет, тогаш позитивните  резултати се неизбежни. А целиот тим во ординацијата се врвни професионалци и секогаш на врвот и чекор напред.

* Како гледаш на годините и стареењето?

– Годините се само бројка, стареењето е неизбежно, духот е најважен, а изгледот благодарение на Ординација Анчевски останува младешки.

* Дали имаше урнек од светот на славните?

– Немам и не би сакала.Што не значи дека не ги следам. Но, до толку хируршки зафати не би направила, барем засега.

* Како реагираа на крајниот изглед најблиските и јавноста?

– Реакцијата на сите околу мене беше и е позитивна, дури некои и не приметија што е променатата. Коментарот беше дека сум освежена, подмладена, а дури потоа да забележат подетално во што е работата.