Осум деца настрадале од струен удар: Во експлозијата се здобиле со тешки изгореници! Детали од несреќата во Србија

895

Осум деца на возраст од 3 до 15 години се повредени од струен удар од далекуводот на аголот на улиците Галипијска и Милорада Јовановиќ во општина Чукарица во Белград.

Во несреќата е повредено и едно возрасно лице, кое е префрлено на Урегнтниот центар.

Како што пренесува српски „Курир“, неофицијално дознаваат дека децата си играле кога од непозната причина дошло до експлозија. Иако медиумите најпрвин објавиле дека дошло до пожар, пожарникарите не ни излегле на терен, бидејќи не допло до палење на бараката, пренесува медиумот.

Брзата помош ги пренела повредените деца со изгореници во најблиската болница во тешка состојба. Прво биле примени шест деца, а потоа уште две.

Се претпоставува дека дошло до спојување на фазите, станува збор за струја што има неколку илјади волти. Постои можност нешто метално да било фрлено на жиците кои имаат илјадници волти.

Сепак, што точно се случило ќе биде утврдено со истрагата која е во тек.