Она што го направиле мачките во текот на видеосостанокот стана вистински хит на интернет

353

Една жена поради видеосостанок станала хит на социјалните мрежи бидејќи зад неа се степале нејзините две мачки.

Имено, додека присуствувала на сериозен состанок, вниманието го украле двете мачки кои почнале да се борат позади неа. Видеото од тој момент е поставено на Твитер и веќе има над еден милион прегледи. 

“Морам да признаам дека ќе ми недостигаат ваквите ситуации кога сè ќе се врати во нормала”, “Најдобро видео на интернет”, “Ова е победникот во категоријата животински упади”, “Но, нејзиниот израз на лицето… Потполно ја разбирам”, се само дел од коментарите кои се појавиле под урнебесната снимка.

Во текот на пандемијата, многу луѓе се приморани да работат од дома, а домашните миленици дополнително ги отежнуваат, но и ги прават интересни работите. Пример за тоа е и видеото од еден водител на временска прогноза кој во текот на програмата во живо бил прекинат од страна на неговото куче.