Од утре бесплатни ПЦР-тестови за туристите во Црна Гора

1225

Министерството за здравство на Црна Гора го извести Институтот за јавно здравје и сите здравствени домови дека од утре ќе се прават бесплатни ПЦР-тестови за туристите на кои им е потребен овој тест за да се вратат во своите матични земји, соопшти владиниот оддел.

Министерството од денес ги ублажи мерките што се спроведуваат со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе важат нови, либерализирани мерки со кои ќе се укине забраната за меѓуградски сообраќај за време на викендите и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти ќе се помести за еден час и е дозволен од 19:00 до 22:00 часот.