Објавен првиот трејлер за новата епизода на Беверли Хилс, 19 години по крајот на серијата

759

По 19 години од крајот, се снимаат нови продолженија на популарната ТВ серија Беверли Хилс. Откако неодамна го привлекоа вниманието на фановите со снимката од повторното здружување на екипата, сега е објавен и првиот официјален трејлер за новото продолжение.

Во најавата гледаме како им почнува денот на омилените ликови, а во позадината се слуша мелодијата од воведната шпица на серијата која веројатно ќе ја разбуди носталгијата кај многу од гледачите.

Брендон се буди од звукот на алармот, Бренда медитира во дворот, Кели ја средува својата фризура, Стив влегува во спортски автомобил, Дона припрема појадок, Дејвид бира вратоврска, а Андреа доцни на работа. Сепак, воочливо недостасува еден од главните ликови – за многумина омилениот Дилан, поради ненајдената смрт на актерот Лук Пери во март оваа година.

Премиерата на серијата е најавена за 7-ми август, а како што најавуваат од Fox, епизодите ќе бидат инспирирани од вистинските животи на актерите. Имено, тие во новите продолженија би требало да толкуваат разработени верзии од самите себеси, а приказната ќе биде базирана на нивните реални животи и односи.