Ново видео од битолската болница: Закачен чадор во тоалет за да не течат фекалии врз пациентите

535

Ново видео за условите во болницата во Битола се појави на социјалните мрежи, во истата болница од која беа објавени слики на кои што се гледа како пациенти добиваат инфузија додека до нив на кревети лежат починати лица.

Во дел од видеото се гледа како во тоалет е поставен чадор за да не капат фекалии на главите на пациентите.